Македонскиот „крал на местенките“ обвинува: ‘X Factor’ е наместен, Даниел нема да победи!
– Не смеат да испаднат „Доктори“ и Лукијан, бидејќи Кристина и Емина ќе останат без кандидати- вели легендарниот менаџер.
Велибор Џаровски- Џаро, познат како „крал на местенките“, кој во животот наместил над 100 фудбалски натпревари ширум Југославија, за медиумите изјавил шокантно тврдење- дека целото X Factor шоу е наместено!
Џаро тврди дека и финалето ќе биде наместено и дека го информирал Даниел Кајмаковски дека ќе биде измамен.
– Апсолутно мислам дека целата емисија е наместена, а тоа ми стана јасно кога во вторникот испадна Илма- вели Џаро и додава: „Се сомневав од самиот почеток. Знаете дека во шампионатите не ги местат сите натпревари, се мести само една. А епизодата во вторникот беше наместена. Кога во кладилница ме прашуваат кој ќе испадне, секогаш погодувам, а последниот пат реков дека не смеат да испаднат „Доктори“ и Лукијан, бидејќи Емина и Кристина ќе останат без кандидат, а тоа не смееше да се случи. Рекоа за Илма дека е премногу млада, и дека поради тоа е исфрлена. Тоа значи дека кога во 1987 година како јуниори го освоивме Светското првенство, Просинечки и Мијатовиќ не требало да бидат таму?- вели Џаро.
Ако финалистите се избрани од страна на публиката, а жирито го дава само конечниот збор, Џаро вели дека гласовите намерно погрешно се броени.
– И самите знаете колку од нив се жалат дека не можат да гласаат. Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Се додека продукцијата не состави новинарско жири кое нема да биде потплатено, а ќе ги регулира гласањата, овој натпревар ќе биде наместен. Забога, па ова е Балкан, овде 90 проценти од емисиите се наместени! Жал ми е само за Даниел, кој со Илма е единствениот фаворит. Го предупредив неговиот тим дека финалето ќе биде наместено и да ја известат публиката да не гласаат, затоа што гласовите ќе бидат украдени.- вели Џаровски.
На приговорот дека ‘X Factor’ е странска лиценца, поради која неговите обвинувања не можат да се сфатат сериозно, Џаровски вели:
– Тоа нема врска! Ова е странска емисија, но ова е Балкан, прилагодено е за нашиот менталитет, овде не смее да се случи менторите да останат без кандидат и затоа Маид и Илма морале да бидат во дуел, затоа што Жељко веќе го има Даниел, а Кики Тамара, додека Кристина и Емина имаат само по еден натпреварувач, односно група. Ова треба сè да ви објасни- завршува Велибор Џаровски.