Oткако публиката ја врати, после три гали шоуто повторно го напушти Александра Секулиќ која се најде во дуел со Александра Брковиќ.Жирито беше речиси едногласно, па сите освен Жељко гласаа за „чачанската олуја“, Александра Брковиќ.
Да потсетиме, во понатамошниот дел од натпреварувањето продолжија Алекса Петровиќ, Тамара Милановиќ, Харис Чато, Илма Карахмет, Доктори, Даниел Кајмакоски, Лукијан Ивановиќ, Александра Брковиќ, Маид Хачимовиќ и бендот 4U.
Во четвртата емисија во живо на најпопуларното шоу, натпреварувачите се обидеа да се претстават што подобро, но имаа и привилегија да слушаат во живо и две регионални ѕвезди, Јелена Розга и Дорис Драговиќ.