WOW! ШОКАНТНО! АМЕЈЗИНГ! Авион полетал во 2018-та, а слетал во 2017-та!!!

„ПАТУВАЊЕТО НИЗ ВРЕМЕТО СЕПАК Е МОЖНО!“ – пишаа пола светски и наши медиуми пренесувајќи ја веста за авионот што полета „назад“ од новата во старата година.

Се работи за летот HAL446 на Hawaiian Airlines, кој требаше да полета од Оукленд, Нов Зеланд на 31 декември 2017-та во 23:55 часот, а да слета во Хонолулу – главниот град на Хаваи.

Финтата е што летот се одложи за 10 минути подоцна, па авионот го напушти Оукленд на 1 јануари 2018-та, во 00:05 часот. Хонолулу, од друга страна, временски е 23 часа зад Нов Зеланд. Па така, иако авионот од Оукленд полета во 2018-та, на Хаваи слета во 10:16 часот, на 31 декември 2017-та.

„WOW! ШОКАНТНО! НЕВЕРОЈАТНО! НЕВОЗМОЖНО! ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО ПОСТОИ“, се изнапишаа медиумите.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

За кого е шокантно? Појма немаме. За тие што не чуле за временски зони, веројатно. За кого е ново ваквото „патување низ времето“? Појма немаме. За тие што не ја читале „Пат околу светот за 80 дена“, веројатно.

Интересно? Да. Ново? Шокантно? Дефинитивно не. Особено што секоја година има по некој таков лет. Особено што уште сега можете да букирате лет што ќе полета во 2019-та, а ќе слета во 2018-та. Особено што слично вака „патуваме низ времето“ и секогаш кога одиме на викенд/одмор до Грчка.

 

- Реклама -