Со години, фановите на Starcraft од целиот свет бараат од Blizzard да ги искористат нивните познавања на MMORPG жанрот и да создадат нова игра сместена во универзумот на Starcraft. Епа, на некои фанови не им се чекало повеќе, па самите ја создале играта.
Користејќи го моќниот едитор за мапи од Starcraft 2, овие фанови создале пред-алфа верзија на она што тие го нарекле World of Starcraft. Овој трејлер покажува дека е возможно да се создаде MMO игра сместена во овој универзум и истата да изгледа одлично.
{youtube}RU1dSXU_Bk0{/youtube}