Windows XP замина во заслужена пензија

Заврши ерата на XP. Најуспешниот оперативен систем на Microsoft, лансиран на 25 октомвири 2001 година, од вчера нема веќе апдејти и техничка поддршка. Истиот ќе има намалена компатибилност и ќе стане цел на криминални напади.

Microsoft се откажува од Windows XP на 8-ми Април, што понатаму го нашите компјутери

XP на почетокот имал проблеми со хардверот и достапноста на драјвери, но кога тоа било средено, во јануари 2007 достигнал користеност од 76%. Покажа дека дури и слаб и стар хардвер може да биде употребен за играње на нови интензивни игри, благодарејќи на постојаното ажурирање на DirectX API до 9.0c. Наредната верзија на Windows (Vista) пристигна дури после 5 години и тоа со катастрофален прием.

Microsoft сака луѓето да го надоградат својот Windows заради технички и комерцијални причини. Затоа нудат повеќе попусти и го нудат бесплатно Windows 8 на производителите. Сепак, бизнисите и пошироката јавност сеуште не го прифаќаат заради конфузијата поради комбинираниот десктоп и таблт оперативен систем и фактот што повеќето од нив немаат монитор на допир. Банките, чиии банкомати главно работат на XP, ќе мора да платат скапа поддршка додека ги надоградат своите уреди со понова верзија. Има и такви кои веќе се префрлија на Linux. Исто така голем дел од веб страниците се хостирани на сервери кои работоат на овој од вчера веќе застарен оперативен систем.

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

Без разлика дали луѓето ќе бидат убедени да го напуштат својот XP оперативен систем, миграцијата ќе се случи, само што можеби ќе биде потребно повеќе време отколку што Microsoft очекуваат.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -