Windows 7 престанува да работи од октомври

Microsoft денес официјално објави дека од 31-октомври оваа година ќе престанат со пуштањето на нови компјутери, кои работат со оперативниот систем Windows 7. Еден од најбараните оперативни системи во светот ќе престане да постои а новите модели на компјутери ќе се продаваат со Windows 8 и Windows 8.1

Од октомври на пазарот веќе нема да видиме и нови модели со Home Basic, Home Premium и Ultimate. Од претхното искуство што веќе го имаме со другите оперативни системи, можеме да претпоставиме дека вистинскиот крај на оперативниот систем ќе дојде во февруари 2015 година.

Во моментот овој оперативен систем е најпопуларниот во светот и сподел податоци на NetMarketShare тој може да се најде на околу 47,48% од компјутерите во светот. Моделите со Windows 8/8.1 се околу 10,6%, а постарата верзија Windows XP сеуште може да се најде на околу 30% од лаптопите и десктоп компјутерите во светот.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -