Wi-Fi кафемат: Сварете кафе додека лежите во кревет

Студено утро и не ви се мрда од кревет додека не се напиете кафе. А некој мора да го свари. Технологијата не носи чекор поблизу до рајот.

Belkin и Mr. Coffee ги здружија силите и креираа Wi-Fi управуван кафемат кој ќе можете да го контролирате преку вашиот смартфон, кој и онака ви е цело време на дофат на раката.

Намерно или не, наречен е Mr. Coffee 10-cup Smart Optimal Brew Coffeemaker – неопходно е барем едно испиено кафе за да можеме да го кажеме името. Сеедно, 150 долари вредниот кафемат овозможува програмирање на времето на варење кафе, за целата наредна седмица, однапред. Процесот ќе можете да го надгледувате преку WeMo видео системот за мониторинг, кој ве известува до каде е подготовката на кафето и ве потсетува да го исклучите на време.

mr-coffee-smart-coffee-maker-product-photos-1[1]

Со Mr. Coffee никогаш ќе немате потреба да станете од креветот за да подготвите напитокот чија главна намена е да ви помогне да станете од кревет. Се што ви треба е Интернет, а кафето можете да го подготвите далечински, без разлика каде се наоѓате.

Автоматизацијата на домот не е нова идеја, но кујнските уреди што овозможуваат Wi-Fi контрола допрва го освојуваат пазарот. Од друга страна, додека автоматизацијата на домот може да има сериозни ризици во случај на дефект на технологијата, најлошото што може да ви се случи ако ве изневери кафематот е да морате да станете и сами да си сварите кафе, нешто што веќе секојдневно го правите.

- Реклама -