Еден од омилен летни фестивали „When in Krusevo 2024“ ќе се одржи годинава на 5, 6 и 7 јули во Крушево и околината.
Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:
Петок 05.07.2024
Од 16:00 до 20:00 часот, пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
Во 18:00 часот, Chillout zone на Крушевско езеро
Во 21:30 часот, официјално отворање BAPCHU, Градски парк
Од 23:00 до 02:00 часот, забава на отворено (Градски парк)
Во 23:00 часот BONO
Во 00:30 часот BABURA JUNIOR
Сабота 06.07.2024
Во 07:45 часот, планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение)
Во 09:30, часот велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
Во 11:00 часот, Крос-кантри велосипедска трка (Старт: Ресторан Алто, Станиќ)
Од 12:00 до 18:00 часот,дневни активности:
Во 12:00 часот, забава на отворено, CYRILLIC (Ресторан Алто, Станиќ)
Во 13:00 часот, вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone (Ресторан Алто, Станиќ)
Во 13:00 часот, Кајак, SUP (stand up paddle board), јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
Од 21:30 до 02:00 часот забава на отворено, Градски парк
Во 21:30 часот TOTSILLY
Во 23:00 часот ДНК
Во 00:30 часотESTEPHANO
Недела 07.07.2024
Од 10:00 до 16:00 часот, тандем параглајдинг на Мечкин Камен
Во 11:00 часот Chillout zone (Kрушевско езеро)
Од 11:00 до14:00 часот, дневни настани
Во 11:00 часот, инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк)
Во 12:00 часот- Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
Во 12:00 часот – Забава на отворено TOTSILLY, вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки (Ресторан Алто, Станиќ)
Од 10:00-15:00 часот, посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
(обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот)
Затворање на фестивалот во 18:00 часот