VW GROUP – Официјален партнер на игрите во Сочи

Volkswagen Group ќе биде официјален транспортен партнер на Олимписките игри во рускиот град Сочи, кои почнуваат на крајот на оваа недела.

Германскиот концерн ќе понуди над 3.000 автомобили од брендовите Volkswagen, Skoda, SEAT и Audi, кои ќе  бидат одговорни за превоз на учесниците на Игрите. Соработката на организаторите и германскиот автомобилски гигант беше воспоставена уште пред неколку години. Се започна со импресивните изведби, кои секако ќе се најдат и за време на игрите, се трите остварувања Polar Expedition Amarok, кои беа направени уште минатата година, за да го промовираат настанот во Сочи во непристапни места во Русија. Возилата влегоа во книгата на рекордите на Гинис за остварената најдолга офроуд експедиција во рамките на една држава – 66 дена и над 15.000 километри.

Опција на овој автомобил, кои ги освои Русите, се нуди во форма на специјалната модификација Amarok Sochi Special Edition, која веќе е во продажните салони.


- Реклама -