VW го враќа Taigun, под името T-Track

По неколку години чекање, VW конечно се активира во сегментот на компактни SUV модели. Компанијата го потврди моделот T-Cross, кој ќе е базиран на Polo, како и T-Roc, кој пак е поставен на платформата на Golf.

Сега, според магазинот Autobild, доаѓа на ред SUV пропорционален со Up!, кој ќе е базиран на концептот претставен во Сао Паоло во 2014 година – Taigun. Доста време се сметаше дека овој концепт ќе замине во историјата, но очигледно Taigun ќе добие шанса и ќе се вика T-Track во серискиот варијанта. Според изданието, бордот на директори брзо ги одобрил T-Cross и T-Roc, но за најмалиот модел имало посебни дискусии. Причината е фактот дека Up! е доста сложен за производство и развој, поради скромните димензии, како и реалноста дека речиси не дели компоненти и делови со другите модели од гамата.

Другата причина за евентуалната појава на T-Track е потребата од компактен и достапен SUV за пазарот во Бразил и соодветно, во Јужна Америка. Моделот мора да се натпреварува со Ford EcoSport, кој остварува одлични резултати. Се претпоставува дека пазарниот деби на T-Track ќе е во 2020 година, должината на SUV моделот ќе биде околу 3,80 метри, а неговите главни мотори ќе се 3-цилиндерски со зафатнина од 1,0 литар во варијанта MPI и TSI.

Автоплус

- Реклама -