Вулин побара апсење на опозицијата по протестите против полицискиот час во Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, побара да биде пронајден и казнет секој политичар што ги поттикнувал синоќешните протести, иако истите се случија по најавата на претседателот Александар Вучиќ за враќање на полицискиот час.

Владата, меѓутоа, обвинува дека протестите се исценирани од опозицијата. Странските медиуми, пак, потсетуваат дека српската влада ги укина рестрикциите во пресрет на изборите, за сега повторно да ги врати.

И покрај тоа, во соопштението објавено на официјалната веб страна на српското Министерство за одбрана, Вулин порача:

„Бидејќи оние што влегоа во РТС со моторна пила не беа казнети, оние што ја искористија својата пратеничка функција за да разбиваат вратите на Народното собрание, затоа што не беа казнети оние што организираа протести за време на вонредната состојба, затоа што никој не беше казнет за стопирање на сообраќајот во Белград и изживување врз мирните граѓани, затоа хулиганите и политичарите кои ги хушкаат синоќа дивееја во Белград.

Државата Србија мора да докаже дека во неа владеат закони, а не силеџии и политичари кои само насила можат да влезат во Собранието“, стои во соопштението.

- Реклама -