Вулин: Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија

Белград, 6 август 2021 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Северна Македонија во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Северна Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија, истакна Вулин.

Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, (кој се граничи со Северна Македонија) и изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

-Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина. Се разбира, има и субјективна и објективна причина, изјави Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува“.

Назгласи дека сите пожари во Србија се под контрола и дека граѓаните можат да бидат безбедни.

Апелираше до сите граѓани да не предизвикуваат ненамерни пожари, да не одат во шумите со отворен пламен, да не горат стрништа и да се грижат за отпадот оставен после излетите.

- Реклама -