Во телефонскиот разговор со Путин, како што рече, бил искрен и му рекол дека дури и да не се очекуваат посети деновиве во Србија, би му било исклучително тешко да дојде поради разни работи кои Путин добро ги знае и оти верува дека ја разбира Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да присуствува на самитот на БРИКС, чиј домаќин е рускиот претседател Владимир Путин, но дека Србија на настанот ќе ја претставува четиричлена делегација.
Во интервју за Српската радио-телевизија (РТС), Вучиќ изјави дека на претседателот на Русија во телефонски разговор му рекол дека во тој период ќе има средба со голем број европски претставници и оти нема да може да дојде на Самитот на Брикс, кој ќе се одржува во централниот руски град Казан од 22 до 24 октомври.
„Ќе испратиме делегација во која ќе бидат четворица наши министри – вицепремиерот Александар Вулин, министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ“,
рече Вучиќ.
Нагласи дека на 23 октомври во Белград доаѓа премиерот на Полска, Доналд Туск. Во телефонскиот разговор со Путин, како што рече, бил искрен и му рекол дека дури и да не се очекуваат посети деновиве во Србија, би му било исклучително тешко да дојде поради разни работи кои Путин добро ги знае и верува дека ја разбира Србија.