Вучиќ со Советот за безбедност поради наводната „Олуја“ што за вечерва ја планира Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, свика седница на Советот за национална безбедност, а потоа ќе ѝ се обрати на јавноста на Дневникот на РТС, јави дописникот на МИА од Белград.

По последните изјави на претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, кој најави дека премиерот на Косово – Албин Курти, според информациите со кои располага, на средбата со безбедносните структури најавил дека вечерва ќе ги испрати „вооружени до заби специјалните единици РОСУ и други единици на северот на Косово, за да го прогонуваат српскиот народ и да ја спроведат ‘Олуја’“, претседателот Александар Вучиќ во 19 часот свика седница на Советот за национална безбедност.

„Го повикуваме КФОР да го спречи упадот на РОСУ на северот на Косово и Метохија, бидејќи нивното присуство во овие области е спротивно на сите важечки договори. Ова е моментот кога одговорноста е на КФОР и ЕУЛЕКС да го спречат хаосот што Курти го подготвува“, наведе Ракиќ во објавата на Фејсбук профилот на Српската листа.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Извор: МИА

- Реклама -