Вучиќ прозборе кинески (ВИДЕО)

Сакајќи на дело да покаже дека навистина смета дека Кина е еден од најголемите пapтнери на Србија, српскиот претседател Александар Вучиќ проговори на кинески.

Во обраќањаето до кинескиот претседател Си Џинпинг и кинескиот народ, испратено преку друштвените мрежи, Вучиќ се заблагодари за поканата од кинескиот колега и ја потврди својата посета на Кина во април, но и му се заблагодари на Џинпинг за тоа што кон крајот на следната година тој ќе ја посети Србија.

„Овојпат сакам да ја потврдам својата посета на Кина во април, како и задоволството и радоста што претседателот Си ќе ја посети Србија кон крајот на следната година. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Си за неговото лидерство, како и на кинескиот народ на нивното пријателство и на сѐ почестите посети на Србија. Кина е еден од нашите најголеми пapтнери и ќе направиме сѐ за да се чувствувате како дома“, напиша Вучиќ на Инстаграм на српски и англиски, од што можеме да заклучиме дека сѐ уште не научил да пишува на кинески.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

 

 

View this post on Instagram

 

Ovim putem želim da potvrdim svoju posetu Kini u aprilu, kao i zadovoljstvo i radost što će predsednik Si posetiti Srbiju krajem sledeće godine. Želim da zahvalim predsedniku Siju na njegovom vođstvu, kao i kineskom narodu na njihovom prijateljstvu i na sve češćim posetama Srbiji. Kina je jedan od naših najvećih partnera i učinićemo sve da se osećate kao kod kuće. . . . I’m confirming my visit to China in April and jubilant President Xhi will visit Serbia at the end of next year. I want to thank President Xhi for his leadership and the Chinese people for their friendship and for visiting Serbia more and more. China is one of our biggest partners! We will do everything to make you feel at home. #Serbia #China

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

 

- Реклама -