Во интервју полно со пофалби за српскиот претседател, Александар Вучиќ за српски „Курир“ открива која му била и сѐ уште му е најголемата желба.
Прашан дали има некаков сон, нешто друго со што би се бавел кога и покрај сите успеси би можел да се врати во времето, Вучиќ без многу двоумење одговара:
„Би се обидел да работам внимателно. Некоја моја неисполнета желба е да тренирам некои клинци. Некој клуб, земунски „Младост“ или некој од Ушче. Некои пионери или кадети, клинци. Тоа ми е најголема желба!“.
Прашан дали имал големи амбиции, за некој голем клуб, Вучиќ негира:
„Не, само мал клуб. Не постои ништо поубаво отколку кога сабота и недела ги поминувате со млади играчи, со некои деца кои можете нешто да ги научите. Но, за тоа морам да запишам Виша тренерска школа, па тоа ми е план во наредниот период. Можете да следите и како ќе ги полагам испитите. Само што сега ми имаат кажано дека тука има некои проблеми, поинаку е тоа сега од тоа како некогаш било. Нешто од тој тип би запишал, па ако успеам во тоа, можеби еден ден ќе го остварам својот сон“, вели српскиот претседател.
Инаку, тој и порано ги има покажано своите кошаркарски квалитети. Фотката зборува повеќе од зборови: