Вучиќ: Одамна се немам слушнато со Путин, со Зеленски никогаш не сум зборувал

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека долго време се нема слушнато со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што изјави тој за РТС, последен пат разговарале во врска со гасот, но не се сеќава кога точно било тоа.

Прашан дали комуницира со украинскиот претседател, Вучиќ рече дека никогаш нема зборувано со него.

„Долго се немам слушнато со претседателот Путин, а со украинскиот претседател Володимир Зеленски никогаш немам разговарано“, рече Вучиќ во синоќешното гостување.

Тој предупреди дека треба да се очекува дека војната во Украина ќе трае до следната година и дека идната зима за Србија ќе биде потешка од оваа.

Инаку синоќа, на седница на српската влада, Белград одлучи да достави барање до КФОР за враќање на одреден број српски сили на Косово, иако, како што рече српскиот претседател, тој смета дека шансите за позитивен одговор се непостоечки.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Во тој контекст, Вучиќ изјави дека за Србија е драгоцена секоја земја која не го признава Косово. Такви се, потенцираше тој, и Кина и Русија.

- Реклама -