Вучиќ најавува најголема воена вежба во регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека на 10 ноември годинава Србија ќе ја одржи најголемата воена вежба во регионов. Најавено е учество на 8.000 војници ширум Србија.

„Тоа ќе биде прилика граѓаните да видат што сé направивме и како ја засиливме нашата војска“, изјавил Вучиќ, пренесуваат белградските медиуми.

Тој додал и дека Србија ќе направи сé за никогаш да не дојде до било какви судири, но истакнал дека таа мора да биде подготвена да се заштити.

„Добивме десет MiG-29 авиони. Луѓето мораат да знаат дека за заштитата на нашата земја набавуваме нови хеликоптери и друга опрема, а кога имате пари тогаш тоа го можете“, истакнал Вучиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Најавената вежба, уверен е српскиот претседател, ќе биде убедливо најголемата воена вежба во регионов.

- Реклама -