Вучиќ: На северот на Косово ќе следи „целосна окупација“, луѓето се подготвени

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.

„Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација на што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, рече Вучиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност

Тој го праша портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, дали барем малку се срами кога изјавува дека е разочаран што Српската листа и Србите нема да учествуваат на изборите.

Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.

„Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, рече Вучиќ и ги повика Србите на единство.

МИА

- Реклама -