Ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица – изјави Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена. На прашањето тој одговори:
– Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица – изјави Вучиќ за српските медиуми.