Ву Чиан: За Кина независноста на Тајван ќе значи почеток на војна

Независноста на Тајван може да значи почеток на војна, а повторното обединување на Кина е неповратен тренд на историјата, изјави денеска портпаролот на кинеската војска Ву Чиан.

Изјавата на Ву е одговор на новиот лидер на Тајван, островот што бара независност, Лаи Кинг-те, чиј говор, според Ву, беше признание за неговите обиди да бара независност „потпирајќи се на надворешни сили“, пренесе Ксинхуа.

-Сепаратистичките активности кои бараат независност на Тајван претставуваат најголема реална закана за мирот преку Тајванскиот теснец, рече Ву.

Тој нагласи дека кинеската војска ја презема мисијата за заштита на националниот суверенитет и територијален интегритет на Кина и е целосно подготвена да преземе решителна акција за да „се спротивстави на секакви сепаратистички обиди за независност на островот и да го спречи странското мешање“.

Прочитајте и:  Тајванската компанија негира дека правела пејџери користени во нападите во Либан
- Реклама -