Второ заминување од Шкендија – Меџит Незири ги напушти црвено-црните

После Сабит Билали, дивјакот кој клоцаше фудбалер на Академија Пандев и доби шестмесечна суспензија, Шкендија денеска ја напушти и еден од последните во „златната генерација“, Меџит Незири (32).

Шкендија денеска објави дека Незири нема да продолжи во црвено-црниот дрес во пролетната полуетапа, откако спогодбено се разделиле. Незири имаше важна улога во тетовскиот клуб во првата шампионска титула во 2011 година, но неговата желба за поголема минутажа не се совпадна со плановите на Ќатип Османи и клубот, па спогоднебиот прекин на соработката беше најдобро решение.

Незири во Шкендија играше седум сезони, собра 155 настапи од кои 134 во Првата лига, освои две титули во 2010/11 и 2020/21, како и еден Суперкуп во 2011 година.

 

- Реклама -