Втор земјотрес, 11 мин. по претходниот ја затресе Албанија

Уште еден земјотрес, 11 минути по претходниот, во 16 часот и 15 минути ја погоди Албанија. Овој пат со јачина од 5,5 степени.

Вториот земјотрес е на 27 км западно од Тирана, 7 км североисточно од Драч и 6 км северозападно од Шијак.

Длабочината на овој земјотрес е 3 км.

Претходно, во 16 часот и 4 минути, земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Албанија, 33 километри западно од Тирана и 6 км северно од Дурес, во Јадранското Море, на длабочина од 10 км.

Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија, како и во Скопје, со помала јачина, но доволно за обичниот човек, посебно оние кои живеат во згради, да се занишааат, како што рече еден скопјанец на ФБ, во своите фотелји.

- Реклама -