ВТОР ЗАРАЗЕН ФУНКЦИОНЕР: Позитивна на Ковид 19 и една пратеничка

Меѓу функционерите во државата регистриран е и втор случај на заразен со коронавирус.

Пратеничка од Прилеп e позитивна.

Станува збор за пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска.

Пратеничката викендов била задржана во болницата во Прилеп, кога ѝ се влошила здравствената состојба, но сега е добро.

Ги замолува граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита.

Претходно, инфициран беше и градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, кој е во добра здравствена состојба. Тој се тестирал откако почина берберот од Кочани, со кого тој бил во контакт.

Во земјава има над 900 потврдени случаи на Ковид 19.

- Реклама -