Се сеќавате на 21-годишната девојка од Бразил која ја продваше својата невиност?
Епа, младата бразилка е повторно во акција. Првиот пат не ја изгуби невиноста, па одлучила да се обиде повторно.
Катарина Миглиорини, повторно го прави истот, ја става својата невиност на продажба, но овој пат сама ја постави својата понуда на интернет, без посредници. Минималната понуда ѝ е 100.000 долари, а се надева дека ќе заработи 1.5 милиони долари, пишува The Mirror.
Да потсетиме, Катарина стана интернет сензација кога за прв пат ја стави својата невиност на продажба во склоп на проектот и снимањето на документарниот филм ‘Virgins Wanted’.
Нејзината невиност, наводно била купена за 780.000 долари од јапонски милијардер, а во едно интервју за Huffington Post, Миглиорини изјавила дека до секс не ни дошло.
Таа тврди дека се запознала со него во ресторан во Сиднеј, тој не изгледал како што бил претставен од страна на режисерот Џастин Сисли, кој бил еден од лидерите на проектот Virgins Wanted.
Инаку, аукцијата на младата бразилка ѝ донесе голема популарност во земјата и ја искористи таа прилика да позира за Плејбој.