Втор Инди Пиво собир за хардкор гејмерите во Скопје!

Сигурно се сеќавате на Првиот Инди Пиво собир за профи и хоби гејминг хардкор фанови кај нас. За многу брзо време, она што беше ветено на првиот собир беше и остварено – дека повторно ќе се сретнеме за да земезиме, нешто да се напиеме и да се дружиме, говорејќи за гејмингот и најновите жешки видео игри.

Вториот инди пиво собир ќе се случи овој четврток, на 15-тти Мај, повторно во Мезе Паб Убац, од18:00 часот. Вратите се отворени за сите оние кои уживаат во гејмингот и сите оние кои креираат или сакаат да научат да создаваат видео игра.

Настанот е повторно во организација на чудото од девојка Дајана Димовска :) од данското гејминг студио KnapNok Games, заедно со Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од македонското студио Dark-1. Она што го гледате на сликите е само краток осврт од Првиот инди пиво собир, вториот ќе биде уште подобар.

Официјалната слика за Првиот инди пиво собир на гејмерите

*Сликите се преземени од официјалната Facebook фан страница на Мезе Паб Убац, а ги сликаше Дајана Димовска.

/Socialnet.mk

- Реклама -