Вселенскиот брод кој ќе нè спаси од ѓубрето

чистачПланетава е опкружена со огромни „океани“ вселенско ѓубре, остатоци од стари сателити и ракети. Ова ѓубре претставува опасност за оние кои одат во вселената, и со текот на времето ситуацијата само ќе се влошува ако NASA или некоја друга вселенска агенција не најде начин да го исчисти.

чистачЗа среќа, Воган Линг го има дизајнирано првиот вселенски брод за собирање и рециклирање на ѓубре. Линг, концептуален уметник кој студира дизајн во Детроит рекол: „Овој собирач на вселенско ѓубре е чисто концептуална идеја но јас сепак ги истражив технологиите кои се користат или се предложени за борба против овој проблем денес. Мојот концепт е систем составен од колектор, и станица за рециклирање во ниска орбита.“
чистачСо оглед на тоа што за лансирање на сателит се потребни осум до десет илјади долари за секој килограм, плус материјалите од кои е составен сателитот, прдвидувам дека еден ден рециклирањето ќе стане добар бизнис. Колекторот би бил напојуван од нуклеарен реактор и би бил опремен со направа слична на Canadarm која е поставена на Меѓународната Вселенска Станица.
чистаччистаччистач

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената
- Реклама -