„Вселенски“ туш кој штеди вода и енергија

Додека се туширате водата оди низ сливник, но со новиот вселенски туш тоа може да се промени и да ја добиете повторно на себе. Тој нов дизајн инспириран од проекти на НАСА штеди пари и вода.

Футуристичкиот туш е производ на шведска технолошка компанија „Орбитал Системс“.

„Тушот на иднината рециклира вода со што потрошувачката се намалува за 90 отсто, потрошувачката на енергија е пониска за 80 отсто, а во исто време се подобрени комфорот и хигиената. Водата се собира во сливник, тука се анализира, се прочистува и потоа се враќа во тушот. Што е толку посебно во нашата технологија за пречистување? Па, таа е базирана на патентиран систем на капсули за пречистување и водата е секогаш кристално чиста“, вели Мердар Махџуби, генерален директор на „Орбитал Системс“.

orbsys-space-shower-closed-loop-water-showerhead-2

 

Тој вели дека инспирацијата ја добил по заеднички проект на НАСА и шведскиот Лунд универзитет кои работеле на дизајн за вселенската мисија на Марс.

Тој прилагодил систем за циркулација кој на астронаутите им овозможува повторно да користат иста вода за туширање. Производот е веќе тестиран во Шведска. За четири месеци заштедени се 100 илјади литри вода.

- Реклама -