Вселенски скокови (видео)

Всленски скоковиДали падобранството го сметате за екстремна активност? Тогаш што би рекле на идејата за вселенски скокови од ниската орбита на Земјата, со ништо освен заштитен костум на вас? За неколку години, оваа технологија наменета за спасување животи на астронаутите, многу лесно може да стане најпопуларниот екстремен спорт.

Дали падобранството го сметате за екстремна активност? Тогаш што би рекле на идејата за вселенски скокови од ниската орбита на Земјата, со ништо освен заштитен костум на вас? За неколку години, оваа технологија наменета за спасување животи на астронаутите, многу лесно може да стане најпопуларниот екстремен спорт.

Вселенски скоковиПо падот на спејс шатлот „Колумбија“, научниците на НАСА работат на систем за спасување на животите на астронаутите во ситуации кога нешто ќе тргне наопаку со нивните вселенски летала. Примерот го зедоа од системите за катапултирање на пилотите на воените авиони. Но, за некој да може да преживее влегување во атмосферата на Земјата, мора да има заштитна опрема. Токму затоа е создаден костумот за вселенски скокови.

Костумот е дизајниран на специфичен начин, за да може да ја издржи промената на условите во текот на предложениот скок. Првиот тест ќе му биде од височина од околу 50 километри над морето и при тоа, температурата ќе се промени од -40 степени при отскокот, па сѐ до 240 степени жештина предизвикана од триењето со воздухот при навлегувањето во атмосферата. Токму затоа, тој се состои од една заштитна целина; мали млазови гас поставени на горната страна на ракавиците за насочување на движењето и држење рамнотежа; циркуларен систем за прочистување на кислородот во костумот; мал падобран што треба да го забави движењето во погорните слоеви на атмосферата и традиционален падобран што ќе се отвори на 1 километар над земјата, за безбедно слетување.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Целиот скок ќе трае неверојатни 10 минути и ќе биде најневеројатното нешто што ќе можете да го доживеете. Во првите неколку минути скокачот ќе достигне брзина од 4000 km/h, но потоа воздухот ќе ја расипе забавата. При контакт со атмосферата, триењето со воздухот ќе го загрее костумот до 240 степени, а брзината на паѓање ќе биде намалена на само 193 km/h. По 7 миути ќе се отвори малиот падобран кој ќе го забави доволно за на височина од само 1 километар да може да се отвори традиционалниот падобран и да имаме среќен крај на приказната.

Погледнете како ќе изгледа еден вселенски скок
{youtube}QOhFWgNHOSo{/youtube}
- Реклама -