Врвните тенисери најавија бојкот на Австралија Опен

Првиот Грен слем во тениската сезона, „Австралија Опен“ би можел следната година да биде „ноќна мора“ за организаторите откако најдобрите светски тенисери најавија бојкот поради процентот од приходите кој им припаѓа на одредени играчи.

Согласно најавите, доколку се случи бојкотот, тогаш турнирот во Австралија нема ниту да се одржи. Според пишувањата на австралиските медиуми водечките светски тенисери (не се наведени имиња) за време на состанокот пред УС Опен во Њујорк, утврдиле дека тенисерите кои ги завршуваат турнирите во пораните фази добиваат малку пари, а овој турнир го одбрале за бојкот затоа што во поглед на парите и географската положба е најслаб од четирите Гренд слем турнири.

Играчите елиминирани во првото коло на најголемите турнири во 2012 година добивале просечно 17.600 евра, а колку за споредба, првиот тенисер Роже Федерер за освојувањето на Вимблдон заработи 1.450.000 евра, додека финалистот Енди Мареј – 725.000 евра.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

„Австралија Опен го одбравме затоа што во поглед на парите е најслаб од сите четири Грен слем турнири“ објаснија во своето соопштение тенисерите, а колку сериозно приоѓаат на целата работа доволно зборува и фактот дека сите тенисери кои нема да дојдат на нивните состаноци ќе бидат парично казнети. На пример, оние од ТОП 10 ќе мора да платат по 8.000 евра за изостанокот.

Организаторите на „Австралија Опен“ наредниве денови ќе се сретнат со раководството на „Грен слем комитетот“ во Њујорк.

- Реклама -