Совршениот облик е една од најважните цели во развојот на Opel Astra TCR, создадена да се натпреварува во сериите за туристички автомобили (Touring Car Racer Series, TCR).
Во минатото, проблемите со аеродинамиката често се компензира само со зголемување на моќноста на моторот. Сега сепак аеродинамиката стана исклучително важен фактор особено во мотоспортот. На ова размислувале и во Opel при креирањето на Astra TCR, создадена да се натпреварува во сериите за туристички автомобили (Touring Car Racer Series, TCR). Аеродинамичната ефикасност е резултат на добро избалансиран сооднос од сила на компресија и аеродинамичен отпор. За да се постигне совршена комбинација на брзина во свиоците и на правците, инженерите се стремат да создадат што е можно повеќе сила на притисок, а истовремено го намалуваат аеродинамичниот отпор.
За оваа цел инженерите ја зголемиле широчината на автомобилот до 1.950 милиметри, максимално дозволената, согласно правилата. Браниците, крилата и страничните панели се модифицирани. Предниот сплитер и задното крило се основните елементи кои создаваат значителна сила на компресија. И двата се дефинирани како стандардни компоненти според TCR прописите за да се задржат ниски цени. На овој начин производителите не треба да ја менуваат формата и структурата на елементите, а да направат прилагодување на структурата. Позицијата на задното крило е од исклучителна важност. Согласно регулативата не е дозволено задното крило да се издигнува над линијата на покривот. Покрај ова, тоа не треба да излегува надвор од рамките на возилото со над 1,050 милиметри (мерено од центарот на оската на задните тркала). Силата на потисок генерирана од задното крило се зголемува со воздушниот притисок. Тоа, сепак, води до зголемување на воздушниот отпор, што е определувачко за максималната брзина. Затоа треба да се најде компромис меѓу отпорот и сила на компресија.
Истото се однесува и за воспоставениот агол на предниот сплитер. Тој мора да биде поставен што е можно похоризонтално и истовремено да е доволно навален за да се задржи предната оска стабилна при сопирање, што помага за спречување на подобро вртење во свиоците. И тука аеродинамичната рамнотежа е од исклучително значење, а го вклучува и односот на силите на потисок на предната и задната оска. Овој однос треба да е оптимален за да може возилото да биде постабилно, без оглед на ситуацијата на патеката.