Врските ги зголемуваат шансите за преживување до 50%

Повеќе...Најновото истражување ја истакнува важноста на социјализирањето, на листата фактори кои ги зголемуваат шансите за подолг живот. Фактот дека пријателите и семејството се најважни, сега и научно е докажано.


Најновото истражување ја истакнува важноста на социјализирањето, на листата фактори кои ги зголемуваат шансите за подолг живот. Фактот дека пријателите и семејството се најважни, сега и научно е докажано.

3449823628_780cd0123fСпоред една најнова студија, професорите Џулиен Холт-Лунстад и Тимоти Смит открија дека социјалните врски – пријателите, семејството, соседите и колегите – ни ги зголемуваат шансите за преживување за 50%. Еве како ниските социјални вредности можат да се споредат со веќе познатите ризични фактори:

– Еднакво на пушење 15 цигари дневно.

– Еднакво на алкохолизам.

– Поштетно отколку да не вежбате.

– Двапати поштетно од прекумерна тежина.

„Идејата дека недостигот од социјална врска е ризичен фактор за смрт сѐ уште не е широко познат на здравствените организации и јавноста“, напишаа професорите за нивниот труд.

Истражувачите аназирале податоци од 148 поранешни објавени трудови кои ја мереле фреквенцијата на човечката интеракција и забележувале здравствени податоци во просек од седум и пол години. Бидејќи информациите за квалитетот на врските биле недостапни, 50 проценти зголемените шанси за преживување можат да ја потценат квалитетната врска.

„Податоците едноставно покажуваат дали тие биле вклучени во социјална мрежа“, вели Холт-Лунстад. „Тоа значи дека ефектот од негативната врска е занемарлив онаму каде што има позитивни врски. Тие сите заедно се земаат во просек.“

Прочитајте и:  Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, не треба да ја јадете оваа храна за појадок

Холт-Лунстад вели дека има многу случаи каде што пријателите и семејството влијаат подобро на нашето здравје, од нежен допир, па до наоѓање на смислата на животот.

„Кога некој е вклучен во група и чувствува одговорност за други луѓе, тоа чувство исто така значи и подобра грижа за самиот себе и преземање на помалку ризици“, вели Холт-Лунстад.

Во испитувањето на податоците, Смит внимавала дали тие се само резултат на луѓе кои си помагале еден на друг, пролонгирајќи си ги златните години.
„Овој ефект не е исклучен кај постарите парови“, вели Смит. „Врските овозможуваат ниво на заштита кај сите возрасти“.

Смит исто така вели дека модерната околина и технологија можат да доведат до тоа некој мисли дека социјалните мрежи не се потребни. „Ние како луѓе, ги земаме врските здраво за готово – ние сме како риба која не ја забележува водата.“, изјавува Смит. „Таа постојана интеракција не е само важна за нашата психа, туку директно влијае и на нашето физичко здравје.“ [Relationships improve your odds of survival by 50 percent]

- Реклама -