Врската помеѓу сирењето и сексот

Каква врска имаат сирењето и сексот? Научниците велат – голема.

Тешко ви е да му одолеете, особено кога го сревираат со сецкани домати и ракија, или во комбинација со добро вино. Ако е тоа вашата „слаба точка“, почастете се повремено, но не секоја вечер. Љубителите на топеното сирење имаат подобар сексуален живот од оние кои не го користат, покажаа неодамнешни истражувања.

Повеќе од 4.600 испитаници, биле вклучени во оваа студија, а резултатите покажале дека љубителите на сирење се великодушни лица и воглавно се занимаваат со спортови.

Најмалку шест пати неделно имаат секс 32 проценти од „сироманите“, додека 27 проценти од оние кои не сакаат сирење можат да се пофалат  со оваа бројка.

Научниците од данскиот Универзитет во Архус, го истражувале фактот дека Французите живеат долго и здраво, иако исхраната им е богата со зачинети масти.

Овој феномен, познат како француски парадокс, обично се објаснува со фактот дека Французите консумираат многу вино.

Меѓутоа, анализата на данските експерти укажува на едно едноставно објаснување – прехраната богата со ферментирани млечни производи како сирење, допринесува кон долговечност и здравје.

Французите имаат помала стапка на болести на крвните садови и подолг просечен живот, а годишно во просек јадат 23,9 кг. сирење по лице.

Британците, на пример, годишно консумираат 11,6 кг. сирење, а имаат двојно повеќе кардиоваскуларни болести и во просек живеат година дена пократко.

- Реклама -