Како да ја одржите врската на далечина

Врска на далечина на многумина им звучи познато. Причините се најразлични, но најчесто луѓето се разделуваат бидејќи мора да одат на работа или на факултет. Како и да е, овој тип на врска е многу проблематична, бидејќи веднаш се менуваат многу работи и е потребен силен темел за да се одржи…

Борете се против рутината

Иако можеби не ви се верува, но и оваа врска може да биде опасно монотона. Немојте секој ден да му се јавувате во исто време или секое утро точно во исто време да му праќате СМС за да му посакате пријатен работен ден на вашиот партнер. Сменете ја оваа навика, бидете креативни, испраќајте ММС со некоја ваша слика или ситуација или пак посетете го некогаш ненајавено.

Разговарајте редовно

Разговарајте редовно, без разлика што сте во странство и разговорите се скапи (имате бројни опции за разговори и видео повици по интернет, што нема да ве чинат ниту денар), немојте да се потпирате само на СМС, разговарајте барем еднаш во неколку дена. Доколку редовно еден на друг си го слушате гласот, врската на далечина има многу поголеми шанси да успее.

Доверба

Довербата е најважната работа што треба да ја имате за да опстане врската на далечина. Не паничете доколку партнерот не ви одговори на некој повик или доколку ви каже дека ќе излезе вечер со пријателите. Едноставно, мора да му верувате бидејќи само со силна доверба може да опстане овој тип на врска.

 

Размислете за иднината

Размислете за иднината. Врската на далечина не може да оди во недоглед. Договорете се до кога ќе биде така, евентуална блиска преселба би била решение. Сепак немојте премногу да притискате, разгледајте ги реално сите можни опции.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -