Врие ли водата побрзо ако и ставиме сол?

Готвачите лаици, како и дел од професионалните готвачи, со сигурност тврдат дека додавањето на малку сол во водата прави таа побрзо да зоврие. Но, дали навистина е така? Што е тоа што всушност го прави солта за да го забрза процесот на вриење?

Кратко кажано, сите оние про-солта не се во право. Имено, додавањето на сол во водата го има сосема спротивниот ефект – на водата и треба подолго време за да зоврие. Солта всушност ја подигнува точката на вриење – моментот кога тенденцијата на водата да испари е поголема од нејзината тенденција да остане во течна состојба на молекуларно ниво.

Феноменот е наречен „елевација на точката на вриење“, а се случува кога тешко-испарлива растворлива супстанција (во случајов, солта) ќе се додаде во чист растворувач (вода). Така, на солената вода и е потребна подолга изложеност на топлина додека да зоврие, отколку на обичната вода. Елевацијата на точката на вриење значи дека солената вода, во моментот кога ќе почне да врие, е пожешка од обичната – кога врие, обичната вода достигнува температура од 214ºF, додека солената достигнува 216°F. Сепак, останува заклучокот дека обичната вода врие побрзо од солената.

- Реклама -