Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Според претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско и човечко право и непосредно е поврзано со упрадувањето на здравјето на граѓаните и со законски пропишаните обврски и должности за заштита на животната средина

Државата е должна да обезбеди чист воздух, вода и животна средина, а во спротивно ако им е загрозено здравјето граѓаните во постапка пред Управниот суд можат да тужат. На денешната јавна седница Врховниот суд го донесе ова начелно правно мислење, на која врховните судии расправаа во однос на поднесена иницијатива од адвокатско друштво од Охрид за тоа колку државата обезбедува или не услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина.

Така, врховните судии донесоа начелно правно мислење судската власт да застане во одбрана на правата на граѓаните, во случај кога не се ефикасни органите на управата, зашто правото на здрава животна средина е загарантирано со Устав.

Од денешната седница на Врховниот суд / Фото: Врховен суд

„Согласно националната и меѓународна правна регулатива државата е должна да обезбеди здрава животна средина меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка можат да бараат да се задолжат надлежните органи да ги донесат Основните плански документи од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како општи акти“,

се надеведува во начелниот став.

Според претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско и човечко право и непосредно е поврзано со упрадувањето на здравјето на граѓаните и со законски пропишаните обврски и должности за заштита на животната средина.

„Една од темелните вреедности на уставниот поредок на Република Северна Македонија е унапредувањето и хуманизација на просторот и заштита и унапредувањето на животната средина и на природата. На ова упатува и Советот за човекови права на Обединетите нации, а ова е важно и од аспект на Европската конвенција, Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата“,

рече Адеми.

Од денешната седница на Врховниот суд / Фото: Врховен суд

По предлог на Адеми, на денешната седница како еспект од областа е повикан и професорот Борче Давитковски, кој посочи дека секој може да бара заштита и судот треба да носи одлуги со кои ќе ги натера надлежните органи да постапуваат согласно Законот за амбиентален воздух.

„Уставот вели секој граѓанин, значи секој може. Ова не е „actio popularis“, знаете кај нас наводно е забрането „actio popularis“. Ова не е јавна тужба, ова е тужба за заштита на своето право. Не дај Боже ако не некој му е повредено правото и почине, после кој ќе го брани, фамилијата ли ќе го брани: Значи секој може да бара заштита и судот тоа треба да го земе, доколку јавните органи не ги презеле своитее надлежности, согласно Законот за амбиеенталниот воздух, треба судот да носи пресуди со цел да им укажува на носителите дека судската власт е коректив на извршната власт“,

вели Давитковски.

Според него, на овој начин ако судот влезе во спор, бидејќи се работи за јавен интерес, судот и превентивно ќе дејствува со цел да ги натера надлежнте органи, како Градот Скопје и општините дека некој води грижа за граѓаните на оваа земја и дека треба да ги стават на столбот на срамот јавните органи дека не постапиле согласно надлежностите.

Професорот посочи дека според податоците на Институтот за јавнос здравје (ИЈЗ), во земјава секоја година умираат 4 500 до 5 000 граѓани.

Дебатата околу тоа дали државата е одговорна за загадениот воздух, Врховниот суд ја отвори кон средината на месец јули, а повод е иницијативата на адвокатско друштво од Охрид за два различни предмети кои од Управниот суд стигнаа до Врховниот суд. Тужбата пред Управниот суд е поведена по примерот на неколку државјанки на Швајцарија, што ја тужеа државата пред Европскиот суд за човекови права дека ги прекршила законите и не ги заштитила граѓанитее од ефектите на климатските промени.

- Реклама -