Германската полиција влегла во куќата на Ралф Шумахер (39) откако соседите пријавиле дека слушнале вресоци.
Инцидентот се случил пред една седмица во Колн, а како што јавува Мирор, Ралф Шумафер се расправал со својата поранешна сопруга Кори. Парот пред два месеци се разведе по 12 години брак, откако Кори Шумехер му приговорила на поранешниот возач на Формула 1, бидејќи тој и го ограничил лимитот на трошење на картичките на „само“ 8000 фунти месечно.
Полицијата потврдила дека се наоѓа во домот на Шумехер и дека парот меѓусебно се обвинува за семејно насилство.
Ралф наводно од жена му се оддалечил, бидејќи поминувал голем дел од времето во болничкиот кревет на својот постар брат.
Тоа тврдење, допочнително и создаде проблеми на Кори, откако јавноста ја нападна дека е спонзоруша.
Богатството на Ралф е проценето на 150 милиони фунти, а на Кори во бракоразводната постапка и припадна семејната куќа вредна еден милион фунти.