Во Скопје времето ќе биде облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 15 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 14 степени, а максималните од 12 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје времето ќе биде облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 15 Целзиусови степени.
Слично време УХМР најавува и за утре. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по котлините.