Времето денеска: Претпладне облачно, попладне со пороен дожд и грмежи

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, според најавите на УХМР, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 20 Целллзиусови степени, а максималните дневни од 25 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.

Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 28 степени до 35 степени.

- Реклама -