Временска прогноза за викендов

За време на овој викенд нашата територија ќе подпаѓа под влијание на воздушното струење од југ и од југозапад кое е веќе најавено и кое релативно значително неповолно ќе влијае особено врз метеопатите, температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на пораст а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и тоа особено во недела.

Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди а локално ќе има и позначителна облачностм и тоа особено во недела попладне и навечер кога особено најпрвин на запад се очекуваат повремени врнежи од дожд од локален карактер.

Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 во сабота и од 12 до 19 во недела.

Нов поголем бран на врнежи и тоа под влијание на нов циклон ќе имаме во понеделник. Детална анализа околу ова понатаму.

- Реклама -