Временска прогноза 4 август

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе биде меѓу 12 и 22, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, претпладне сончево и топло. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во наредниот период ќе се задржи променливо и топло време, претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

- Реклама -