Не е лесно да ја прифатите промената ниту кога ќе дојде сама, а да се одлучите за неа е уште потешко.Сепак, постојат некои знаци кои нам ни сугерираат дека е неопходна промена на фризурата.
Ретка коса
Дали поради годините, или поради третманот со кој секојдневно ја третираме косата, таа со времето ја менува својата структура, па со годините не ни одговара одржувањето на едно исто. Ако вашата коса не изгледа бујно како некогаш веројатно новиот изглед ќе треба да го доживеете со нова промена.
Изгледате постаро отколку што сте
Доколку луѓето се изненадуваат колку години имате, можеби е до фризурата. Свежата фризура може да ви помогне да добиете младолик изглед.
Вашата коса изгледа нездраво
Иако постојано приметувате испукани врвови, а препаратите за нега на косата повеќе не ви помагаат, време е за промена на фризурата со која вашата коса ќе изгледа поздраво.
Ви треба се подолго време за да ја наместите фризурата и да изгледате добро
Ако порано побрзо ја средувавте косата тоа е сигнал дека вашата фризура не одговара на вашата структура на коса или стил на живот.