Време е за љубов: Денеска започнува пролетта

Со цутот на дрвјата, навестувањето на топлите денови, првото годишно време се смета идеално за љубов и нови почетоци.

Денеска во 17.57 часот во Македонија и во цела северна хемисфера започнува пролетта.

Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Денеска денот ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето изгреа во 5.39 часот а ќе зајде во 17.44 часот.

Во продолжение уживајте во Вивалди и неговата пролетна бајка.

- Реклама -