„Време е да го изедете кучето?“ е книга напишана од Новозеланѓаните, Роберт и Бренда Вејл. Во истата, тие заклучуваат дека постоењето на кучиња е поштетно за околината отколку теренските возила. Ова брилијантно дело ни покажува дека беспотребната паника за глобалното затоплување е секогаш поопасна од самиот феномен.

Во нивното дело, „Време е да го изедете кучето? – вистински водич за одржлив живот“, брачниот пар Вејл (инаку професори на универзитетот Велингтон), тврдат дека кучињата миленици се причината за феноменот глобално затоплување.
Во просек, едно куче со средна големина, во текот на една година јаде 164 килограми месо и 95 килограми житни производи. Ако се пресмета земјата потребна за да се произведе таа храна, излегува дека куче со средна големина има јаглероден отпечаток од 0,81 хектар, додека едно теренеско возило, поминувајќи 10000 километри (вклучувајќи ја и енергијата за конструкција) има отпечаток од 0,41 хектар.
Но, бидете сигурни дека паниката не завршува тука. Научниците од Стокхолм ја тестирале оваа теорија, правејќи пресметки и резултатите излегле приближно еднакви. Отпечатокот на милениците ќе биде секогаш висок, заради високиот отпечаток на месото воопшто. На пример, една мачка има отпечаток од 0,15 хектари, исто како да возите Голф, два хрчаци колку плазма телевизор, а дури и златна рипка има отпечаток колку два мобилни телефони.
По излегувањето на ремек-делото на Новозеланѓаните, сосема разбирливо, се јавија повеќе здруженија на луѓе кои имаат миленици за да укажат на бесмисленоста на посочените нешта.
На крајот, заклучокот е едноставен – за да го задржиме овој начин на живот (со апарати, возила, миленици и сите други погодности), треба да се откажеме од сите нешта што ги содржи, за да го спречиме губењето на истите. Интересно, нели?