Вредност плус за студентите на Aкадемиите на Seavus Едукативен и Развоен Центар и Seavus Александрија

Една од поважните одлуки кои влијаат на правецот на животот е изборот на образованието, независно дали сме на прагот на избор на професија или пак нејзина промена.

Според светските трендови, одредени професии се развиваат со засилена динамика: графички и веб дизјанери, програмери, мрежни администратори и инженери. Токму за овие професии, Seavus Едукативниот и Развоен Центар и Seavus Александрија ги нудат најсовремените студиски програми преку трите Aкадемии за: Програмирање, Дизајн и Компјутерски Мрежи, за кои се активни попусти за рани уписи до 20 Август.

11403395_870153219707078_1272123980296423222_n

Во насока за дополнување на актуелната, атрактивна програма, Seavus Едукативниот и Развоен Центар ќе презентира модул кој од октомври ќе биде достапен за новозапишаните студенти, наменет за оптимално комбинирање на методологијата на учење симултано со реална работа на проекти.

Povrzi se so idninata

Констелацијата претставува напредна верзија на имплементација на реална бизнис околина во поглед на работни обврски, рокови за реализација, маркетинг кампањи, како и надомест за сработеното. Во светот овој модел е познат под името Бизнис Симулатор, а во Македонија за прв пат ќе го воведе Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со партнери од неколку европски држави како дел од IME (Increasing Market Employability) проектот .

Dizajniraj ja svojata idnina

- Реклама -