Вознемирувачки фотографии: Ким Кардашиан ја откри тајната на младешкиот изглед

Ким Кардашиан пред камерите покажа како изгледа „вампирскиот фејслифтинг“, нов тренд во Холивуд кога со игли се вбризгува крв во лицето.

Иако многу пати изјавуваше дека никогаш нема да направи „фејслифтинг“ и дека ќе избегнува пластична хирургија, 32-годишната Ким не им одолеа на холивудските трендови и го направи моментално многу популарниот „вампирски фејслифтинг“.

kim

„Сакам да ги испробувам сите третмани кои ме прават да изгледам и да се чувствувам младо“, изјавила Ким.

Станува збор за постапка во која пластичните хирурзи вадат крв од личноста која се одлучила за овој необичен третман, а потоа ја бризгуваат на стотина места во лицето.

kimk

Ким објави фотографија од нејзиното „крваво“ лице на Твитер.

- Реклама -