Денешниот ден 22 септември, е прогласен за ден без автомобили, па по тој повод по скопските улици ќе се одржи дефиле на велосипеди на рута долга 8,2 километри.
Еве го распоредот:
Дефилето ќе почне во 11:30 часот од пред Порта Македонија.
Ппотоа велосипедистите ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „ВМРО“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.
Понатаму, преку булеварот „Илинден“ до Школка во Градски парк.
Кај Школка ќе биде организирана забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети за безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди.
Настанот е во организација на град Скопје.