Астронаутката на НАСА Лиса Мари Новак (43) била уапсена поради тоа што ја попрскала со солзавец својата ривалка во љубовна врска, Колин Шипман, а потоа се обидела да ја киднапира.
Астронаутката на НАСА Лиса Мари Новак (43) била уапсена поради тоа што ја попрскала со солзавец својата ривалка во љубовна врска, Колин Шипман, а потоа се обидела да ја киднапира.
Лиса Мари Новак, мажена жена со три деца, која е астронаутка од 1996 година, и Колин Шипман, инженерка на воен аеродром, биле сопернички во љубовен триаголник со морнаричкиот командант и астронаут Бил Ојфелин (41), кој минатиот декември бил пилот на вселенскиот шатл „Дискавери“. Кога Колин Шипман пристигнала на паркингот на аеродромот во американскиот град Орландо и се упатила кон својот автомобил, забележала дека ја следижена во мантил за дожд. Колин бргу влегла во својот автомобил, кога Новак почнала да удира по прозорецот на возилото, да плаче и да ја моли да го подотвори прозорецот за да разговараат.
Кога Шипман го спуштила прозорецот за само неколку сантиметри, Новак ја попрскала со солзавец. Колин веднаш се упатила со автомобилот до чуварот на паркингот, а потоа обезбедувањето интервенирало и ја уапсило Новак.
Полицијата кај осомничената, во нејзината торба, пронашла мантил за дожд, челичен чекан, џебен нож со сечило долго десет сантиметри, гумена цевка долга еден метар, големи пластични ќеси за ѓубре, 600 долари во готово и пелени за возрасни. Според Новак, овие пелени и биле потребни за да не мора да застанува попат на своето 1.600-километарско патување со автомобил од Тексас до Орландо.
Новак исто така истакнала дека не сакала да ја повреди својата ривалка, туку сето „вооружување“ и било потребно да ја убеди Шипман да разговараат, а не за да ја киднапира. Во моментот, полицијата ја држи Новак во притвор без можност за ослободување со парична кауција.