Возачите ќе смислат секакви изговори кога пред полицијата треба да објаснат зошто возеле пребрзо, но еден Австралиец отиде на друго ниво.
На човекот му била измерена брзина од 125 км/ч во зона каде ограничувањето било 110 км/ч. Кога го застанала полицијата, мртов сериозен изјавил дека тоа се случило практично заради поволен ветер, т.е. дека „ветерот го туркал“. Тоа е и официјалната причина наведена во записникот.
Локалната полициска станица има Твитер профил, па не одолеа да ја сподели остроумноста на возачот. Еден од коментарите е и овој:
„125 км/ч? Тоа е навистина многу брзо за брод со тркала“.