Во областа околу преминот Рафа меѓу Газа и Египет е извршен воздушен напад, јави дописникот на Би-Би-Си од Појасот Газа.
Оштетена е зградата од страната на преминот во Газа, како и патот.
Толпа луѓе денеска се собра во Рафа по информациите дека преминот ќе биде привремено отворен за време на краткиот прекин на огнот.
И Израел и Хамас ги негираа тие извештаи, а портпаролот на ОН рече дека нема напредок во целосно повторно отворање.
МИА